Нградната игра започнува од 15месецов- Преку „МојДДВ #МојаНаграда“ 3.852 парични награди

 Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 месецов со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ. Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда ќе трае една година и за тој период ќе се доделат две премии од 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.

Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стасува порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација.

За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега