Независните на ВМРО, не откриваат дали ќе гласаат за одземање на имунитетот на Груевски

Независнита група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на имунитетот на екс премиерот и поранешен пратеник Никола Груевски.

„Ќе дознаете на седницата кога ќе биде закажана. Имаме став, ама сега не е на ред таа тема“, изјави кратко пратеничката Нола Исмаиловска Старова, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали е точно дека, групата е во контакт со Панчо Минов од ГРОМ, и дали ќе има зголемување на пратеничката група со нови пратеници, Старова кратко одговори дека групата брои осум пратеници.

Во однос на законот за СЈО, независните на ВМРО-ДПМНЕ порача двете најголеми партии да најдат компромисно решение, затоа што законот е предуслов за европската перспектива на земјата.

„Ние даваме поддршка на законот и нашиот став е во насока на охрабрување на политичкиот дијалог. Имаме и свои забелешки, кои ќе ги соопштиме кога ќе бидеме повикани на средба, изјави Исмајловска Старова.

Таа од собраниската прес сала информираше дека независната група на ВМРО-ДПМНЕ, остварила средба со евроамбасадорот Жбогар на кое го презентирала писмото со кое се бара шанса за отпочнување на преговорите со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега