Незапаметен случај во Врњачка Бања: Жена оставила корпа со бебе во такси и заминала

Непозната женска личност во такси во Врњачка Бања оставила корпа во која имало дете, под изговор дека во корпата има мачка.

Жената во такси возилото влегла со две деца и корпа и после возењето излегла од автомобилот го замолила таксистот да ја причува мачката додека таа се врати.

Бидејќи жената не се вратила, таксистот ја отворил корпата и видел дека во неа има бебе. Веднаш го однел во болница во Врњачка Бања, од каде е префрлено во одделението за Неонатологија. Бебето е старо само неколку денови.

Од српското МВР наведуваат дека за целиот случај е известен и Центарот за социјална работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега