Незапаметен масакр на Косово : Полицајка си ги убила родителите и браќата , па се самоубила (ВИДЕО)

Полицајка од Гњилане убила четири лица, членови на нејзиното семејство, а потоа се самоубила  денеска околу 13 часот.

Според првичните информации, се претпоставува дека починатата В.Б., полицајка вработена во полициската станица во Гњилане, со огнено оружје ги убила своите родители и двајцата браќа, а потоа се самоубила.

Полицијата, обвинителот и медицинскиот тим наскоро пристигнале на местото на злосторството и откриле застрашувачка сцена, а по барање на обвинител телата ќе бидат однесени во Форензичкиот институт во Приштина на обдукција.

Според Телеграф, станува збор за 45-годишната Блаца Валдете. Таа ги убила членовите на нејзиното семејство во нивниот дом, а целото место е шокирано затоа што никој не очекувал да се случи ваков масакр.

Нејзиниот убиен татко се вика  Зекир, мајката Ханифа и браќата Фисник и Блерим.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега