Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за појава на локална нестабилност на временските прилики во неколку региони низ државата.
Според соопштенијата од УХМР, нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица е регистрирана западно од Крушево.
Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во моментов има и во околината на Струмица, како и во подрачјето јужно од Берово.
Претходно, временска нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи беше забележана во Струмица, источно од Берово и југозападно од Кичево.


