Силното невреме предизвика вистинскии хаос во Скопје. Веќе граѓаните до нашата редакција пријавуваат сериозни штети.
На Партизанска паднати се повеќе дрвја, а некои се и откорнати од корен.
По невремето се огласи и градоначалникот на Скопје.
„Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен!
Почитувани граѓани,
Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.
Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.
Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици.
Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.
Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:
Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен.
Службите се мобилизирани.
Екипите се на терен.
Граѓаните не се сами“, напиша Ѓорѓиевски на ФБ.


