Невреме во Македонија - град со големина на орев уништи се што беше посадено и посеано

Невреме со град вчера го зафати пелагониското погранично село Егри, нанесувајќи голема штета врз градинарските и житните култури, објави СДК.мк.

„Вчера по 16 часот нѐ погоди голема несреќа, сѐ што имавме посадено и посеано е уништено. Град голем колку орев врнеше 45 минути. Невидено досега. Зафати околу 200 хектари од полето“, се пожали Манојле Ристевски, жител на Егри за САКАМДАКАЖАМ.мк.

Жителите на селото раскажале дека градот им ги оштетил пиперките, бостанот, пченката, пченицата, јачменот…

„И други години имало фатено, но на помала површина. Ова вчера оштети две третини од полето. Пиперките се сто проценти оштетени, пченицата 70-80 проценти, јачменот можеби во целост, а и пченката е многу оштетена“, рече Славе Стефановски од Егри.

Претставниците на локалната власт и надлежни за земјоделство излегле на терен. Комисијата за утврдување на штети од невреме и елементарни непогоди ќе објави јавен повик за земјоделците да ги пријават штетите, по што ќе следува и проценка на терен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2019 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега