Невреме во Бразил - 11 лица загинаа

Загинаа 11 лица, а шест се исчезнати во поплавите во североисточната сојузна држава Баија, соопштија бразилските власти.

Поплавите предизвикани од поројните дождови за време на викендот уништи околу 70 куќи. Речиси 200 лица се сместени во училишта и локални спортски сали.

Спасувачките екипи ги пребаруваат поплавените згради за уште преживеани.-

10.12.2013 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега