Невреме доаѓа кон Макеоднија - Флоријан ќе донесе многу дожд

До крајот на овој ден на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат интензивни и во форма на невремепроследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, услови за појава на град како и позначително количество на воден талог за кратко време.

Нестабилно ќе биде и во Скопско. Издадено е и предупредување од жолта алертна фаза.

Советитте се во случај на појава на електрични празнења да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги заштитуваат односно да ги делат во помали групи.

Исто така во случај на силен ветер граѓаните да внимаваат каде се движат и да ги ставаат автомобилите подалеку од дрвјата.

Потоа од утре (среда) до сабота услови за краткотрајна нестабилност ќе има особено на планинските места од западот и југозападот.

Утре (среда) и во четврток на повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови пад на температурите па така најсвежо ќе биде во четврток кога максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот само од 21 до 28 степени.

Метеорологот Славчо Попоски најавува и  враќање на циклонот Флоријан и нова дестабилизација на времето ќе имаме од недела попладне и навечер.

 

 

 

17.07.2018 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега