Неверојатна случка во авион: Непријавен патник без билет стигнал до Париз
Непријавен патник бил пронајден во авионот кој летал од Њујорк за Париз за време на празникот Денот на благодарноста, соопштија властите, пренесоа денеска американските медиуми.
„Слепиот патник“ бил откриен во авион кој полетал од њујоршкиот аеродром ЏФК за Париз, а бил изнесен од авионот по слетувањето на аеродромот Шарл де Гол, соопштија властите, пренесува „ABC News“.
Лицето кое влегло во авионот ја заобиколило проверката на документите и агентот на влезот на летот, но детално бил проверен на безбедносниот пункт на њујоршкиот аеродром, навела авијациската управа, пренесува Танјуг.
Како што додаваат, тоа значи дека ова лице немало никакви забранети предмети со себе и не претставувало безбедносна опасност, пренесува Танјуг.
Сè уште не е јасно како крадецот успеал да ја заобиколи контролата на документите на местото за пријавување.
За инцидентот е известено Федералното биро за истраги (ФБИ). Други детали за лицето кое успеало да се качи во авионот без да биде пријавено засега не се објавени. Компанијата соопшти дека води исцрпна истрага за тоа што се случило, како и дека ќе соработува со други служби до утврдување на сите околности на овој случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа