Неверојатна приказна за момчето од пештерата: Пораснал во племе, опкружен со дрога

 

Приказната за 12-те момчиња кои заедно со својот фудбалски тренер беа заробени во пештерата на Тајланд, го потресе светот.

Сега сите се на безбедно и се опоравуваат во болница. Во меѓувеме, се собираат впечатоци и се откриваат и омалку познати детали за драмата на Тајланд.

Од 12 деца на возраст од 11 до 17 години, заглавени во пештерата во Тајланд, еден од нив, 14 годишниот Адул Сам-Он имал доста важна улога во спасувањето.

Адул имал тешко детство затоа што е роден во племе во Мјанмар кое е познато по трговија со дрога.

Неговите родители сакале да му обезбедат подобар живот, и затоа се преселиле на Тајланд кога тој имал 6 години.

Во училиште поради добрите оценки и успесите на спортските натпреварувања му донеле стипендија.

Детето течно зборува пет јазици, англискиот, таи, бурмански, мандарински и ва (јазикот со кој се служат припадниците на етничката група Ва, во Кина и Бурма).

Баш тоа му овозможило да комуницира со спасувачите. Кога се појавил првиот нуркач Британец, Адул разговарал со него објаснувајќи му дека се гладни. Исто така, прашал колку долго се во пештерата и кога ќе можат да излезат.

Тоа  им ја олеснило комуникацијата,  затоа што  волонтери и спасувачи од сите краеви на светот се собраа на Тајланд како би им помогнале на децата.

Местото Мае Саи, каде дечињата играат фудбал се наоѓа во т.н. Златен триаголник, каде што се сретнуваат Тајланд, Мјанмар и Лаос.

 

 

 

11.07.2018 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа