Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со терористичкиот напад врз синагогата во Манчестер во кој беа убиени три лица, денеска изјави дека слабиот одговор на тероризмот само ќе ги охрабри терористите.

– Израел тагува со еврејската заедница во Велика Британија по варварскиот терористички напад во Манчестер. Како што предупредив во ОН: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам. Само силата и единството можат да го победат, напиша Нетанјаху на X.

Тој додаде дека се моли за брзо закрепнување на повредените и оти „нашите срца се со семејствата на убиените“.

Leave A Reply

Exit mobile version