Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва повтори дека Израел нема да прифати формирање палестинска држава, велејќи дека таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“.
„Нема да има палестинска држава. Многу е едноставно: таа нема да биде воспоставена“, изјави Нетанјаху.
Тој нагласи дека овој став важи дури и по цена на забавување или спречување на нормализирањето на односите со Саудиска Арабија. На новинарско прашање што го попречило процесот на нормализација, Нетанјаху рече дека војната во Газа го отежнала напредокот, но дека „условите сега можат да се развијат како што војната се смирува“.
„Но, условите мора да бидат прифатливи за двете страни – услови што се добри за двете страни“, додаде тој, истакнувајќи дека знае „цврсто да застане зад основните услови на Израел и да не ја загрози безбедноста на Израел“.

