Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.
Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.
Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Актуелно
- Авганистанци воделе импровизирани кампови на македонско-српската граница: Голема акција на ОЈО за ОКК и МВР
- Герасимовски: Новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година
- Oд утре почнува откупoт на тутун
- Пробиштип: 31-годишник претепал 12-годишно дете пред продавница
- (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда
- Маж пронајден мртов во септичка јама – ужас го потресе регионот
- Пак поскапеа горивата – бензинот и дизелот од полноќ речиси иста цена
- Без договор на ЕСС, минималната плата ќе се пресметува по постојната формула

