Несреќа во Струмица - „мерцедес“ удри во пешак

 

Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во него, во Струмица.

-На 29.09.2020 во 20.30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улица „4 Јули“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ј. (42) од Струмица, удрило во пешакот М.С. (50) од Струмица. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега