Несреќа во Скопје - прегазен маж заврши на Ургентен

 

Државјанин на Бугарија се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил во Скопје. Според информации на МВР, вчера во 16:20 часот во село Кадино, скопско, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот И.В. од село Кадино, удрило во 60-годишниот Г.Г.Д. од Република Бугарија.

Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега