Несреќа во Скопје: Двајца мажи пренесени во болница

Две лица од Скопје се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Мирковци.

„На 07.09.2021 во 15:10 часот  на  крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за село Мирковци и локален пат за село Бразда се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(34) од село Мирковци,скопско и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од Скопје. По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека  И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

08.09.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега