Несреќа во Македонија: Возило излета и се преврте, еден тешко повреден

Нема ден без некоја страшна сообраќајка во Македонија, овој пат во 04 утринава било пријавено дека во Куманово на булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ патничко моторно возило “Сеат леон“ со кумановски регистерски таблици излетало и се превртело од патот.

Со возилото управувал 26-годишниот Б.П.од Куманово, а во еден момент излетало од коловозот и со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега