Несреќа во Македонија: Тешко повреден мотоциклист

Мотоциклист се здобил со тешки повреди откако удрил во возило, па оштетиле и паркирано возило.

Во 12.45 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „апачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот А.С. од Скопје и патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот И.П. од  Вевчани, струшко, при што било оштетено и паркираното патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега