Несреќа во Кочани: Тешко повредено момче однесено во болница

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил во кочанско, информира МВР.

„На 14.09.2021 во 20:50 часот на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Мородвишка Епископија“ во Кочани, патничко моторно возило „шевролет“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Д.(29) од село Грдовци, удрило во велосипед управуван од А.Т.(28) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Кочани“, соопшти полицијата.

15.09.2021 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега