Несреќа во Берово - возило излета од патот, пет лица завршија во болница

Пет лица се повредени при сообраќајка несреќа која се случила во Берово. Како што информира МВР, вчера во 04:30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Д.Ш. од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и  П.П.(23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега