Несреќа во автобус на ЈСП: Тешко повредена жена

Жена се здобила со тешки телесни повреди кога се лизнала и паднала на скали во автобус на ЈСП.

Во 12.35 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 69-годишната Н.П. од Скопје.

Според пријавеното, Н.П. се здобила со повредите додека се качувала на предните скали за горниот кат од автобус „јутонг“ на ЈСП, при што се лизнала и паднала.

Се преземаат мерки за расчистувње на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега