Несреќа во американската морнарица: Загина еден маринец, 8 исчезнати од амфибиска единица во Калифорнија

Еден маринец загина, двајца се ранети, додека осум се водат како исчезнати после несреќата во која учествуваше амфибиско возило на воената морнарица во близина на брегот на јужна Калифорнија.

Несреќата се случила вчера, а во спасувачката акција учествувале припадници на морнарицата и крајбрежната стража, пренесува "Associated Press".

Во несреќата сите војници биле дел од 15-та поморска експедициска единица, потврдија надлежните органи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега