Несреќа на патот Прилеп-Крушево: Се судрија автомобил и трактор - меѓу повредените и малолетник

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Крушево.

- Вчера во 18:10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај место викано „Босја бара“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Струга и трактор „ИМТ-539“, со приклучна приколка без регистарски ознаки, управуван од П.Н(37) од село Големо  Коњари, прилепско. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото М.Ф.(52) од Струга, а со телесни повреди се здобиле Џ.Б.(31) и малолетник, сопатници од истото возило, двајцата од Прилеп, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп - информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа