Несреќа на патот Новаци-Ношпал: Две лица повредени

 

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа вчера во 10:30 часот на патот Новаци - Ношпал. Како што информира МВР, несреќата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната С.В.Т. од село Лавци, битолско, и патничко возило „даеву ланос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот И.С. село Новаци, битолско. Во незгодата С.В.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а И.С. се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега