Несреќа на патот Мушев гроб- Кавадарци: Автомобил излета од патот, малолетничка и младо момче однесени во болница

Малолетно девојче и младо момче се здобиле со повреди откако со автомобил излетале од коловозот во Кавадарци.

-Синоќа во 02:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушев гроб- Кавадарци патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Р. од Неготино излетало од коловоз. Во незгодата, 17- годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега