Несреќа на патот Гостивар-Кичево: Момче итно префрлено во болница

 

Момче се здобило со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:10 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај село Зајас. Несреќата се се случила помеѓу патничко моторно возило „киа рио“, со охридски регистарски ознаки управувано, од 45-годишниот А.И. од Струга и товарно моторно возило „форд транзит“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Р.Ф. од село Колари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во товарното моторно возило, 21-годишниот А.А. од село Зајас, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега