Несреќа на автопатот Скопје-Велес: Загинаа возач и сопатник

 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот се случила тешка сообраќајна несреќа.

Вчера во 14:30 часот патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од 35-годишниотГ.Б. од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и 36-годишниот сопатник Д.М. од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.       

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега