СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар“.
- Грција ги ослободува британските патници од новите биометриски контроли на ЕУ
- Денес е денот за големи промени – проверете што вели хороскопот
- Итно повлекување на храна за бебиња „HiPP“
- Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
- Дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“
- СДСМ: Владата намерно го одолговлекува процесот за екстрадиција на Груевски, се споредува случајот со Полска
- Хуманост во најтешкиот момент: Спасени два живота преку трансплантација на црн дроб и бубрег
- ММФ ги поздравува заложбите за фискална консолидација: Димитриеска-Кочоска со клучни средби во Вашингтон



