Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина

Владата на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори. Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина, пренесува Телма. Бошковска во моментов е вршител на должноста амбасадор.

Рами Реџепи, ќе биде амбасадор во Рим, Васко Грков во Белград, а Сашко Тодоровски во Стразбур.

Во Тел авив ќе биде испратен Мишо Докмановиќ, во Приштина, Шпреса Јусуфи, во Тирана Данчо Марковски.

За амбасадор во Обединетите нации во Женева е предложена Теута Демјаха, а нов амбасадор во НАТО ќе биде досегашниот советник на премиерот, за надворешна политика Дане Талески.

Листата ќе биде доставена до претседателот на Стево Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега