Неофицијално, коронавирус потврден кај еден пациент во Македонија

Неофицијално, прв случај на коронавирус е забележан во Македонија, објави Сител.

Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски најавија прес-конференција за половина час.

Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а третиот пациент за кој се чекаа резултатите како што дознава Сител, е позитивен на коронавирусот.

Неофицијално, станува збор за жена која патувала во Италија, земјата каде во последните денови расте бројот на заразени од овој опасен вирус.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега