Неочекувано се зголеми инфлацијата во Британија

Инфлацијата во Велика Британија неочекувано се зголеми  во јуни за 0,6 проценти во однос на мај кога изнесуваше 0,5 отсто, покажуваат денеска објавените податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Економистите во анкетата на на Ројтерс во просек прогнозираа стапката на инфлација да падне на 0,4 проценти, пренесува Танјуг.

Базната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 1,4 проценти во јуни од 1,2 процент во мај. Економските аналитичари очекуваат дека базната инфлација ќе остане непроменета, на ниво од 1,2 проценти. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега