Неочекуван крај на драмата кај Скопјанка: Станарите ги испаничил мирис на искористени пелени

Вистинска драма се одвиваше вчера во Скопјанка кога жителите на станбениот комплекс беа итно евакуирани откако почувствувале силна и непријатна миризба, по што со крпи и маски беа вадени од становите  и до доцна седеа на улица.

Според анализите, она што ги испаничило жителите бил мирис на искористени пелени.

Мирисот на амонијак ги возбуди граќаните кои побараа помош од пожарникари и единици на АРМ за биохемиски отрови, предизвикан од големо количество валкани мелни пелени во еден од становите во зградата, во која живееле две старици од 90 години, пренесува Локално.

Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда. 

Шилегов најави помош за жените од станот.

 

 

 

20.09.2018 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега