Ненадејно почина Јован Ристов
Основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, Јован Ристов ненадејно почина вчера во Скопје.
Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.
Автор е на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.
Почина на 69 годишна возраст, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени денеска (петок, 7 декември) од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа