Немири во затвор во Колумбија, 51 лице го загуби животот

 

Педесет и еден затвореник беа убиени за време на ноќните немири во затвор во југозападна Колумбија. 49 од нив биле убиени во затвор, а двајца починале подоцна во болница.

„ Тоа е трагичен и катастрофален настан“, изјави претседателот на националната затворска агенција, Тито Кастељанос за локалното радио Каракол, додавајќи дека се повредени и 30 лица, пренесува „Ројтерс“.

Колумбија најави дека ќе ослободи илјадници затвореници во екот на епидемијата на коронавирус во 2020 година, откако затворениците се побунија поради гужвите и недостатокот на санитарни услови.

 
28.06.2022 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега