Немири на улиците на Подгорица: Се судрија приврзаниците на Мило Ѓукановиќ и победничката коалиција

Синоќа во Подгорица дошло до конфликт меѓу приврзаниците на ДПС и опозицијата, па интервенирала полицијата, пренесе „Курир.рс“.

Како што дознава телевизијата Курир, приврзаниците на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се собрале во населбата Градски кварт и палеле факели и пееле песни за поддршка на ДПС во околните кафулиња и на улиците.

Во еден момент пристигнале приврзаниците на победничката коалиција и дошло до конфликт, а летале и камења.

Како што дознава Телевизијата Курир, во тепачката имало повреди, а набрзо пристигнала и полицијата и ги разделила конфликтните страни. Едно повредено лице останало да лежи. Набрзо пристигнале две екипи на брза помош.

Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, ги предупреди своите приврзаници дека може да дојде до провокации и дека поради тоа треба да останат дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа