Немири и инциденти: Демонстранти фрлаа јајца и домати кон српското Собрание

Србија денеска го доби новиот состав на Народното собрание.

Пред зградата на Собранието дојде до немири и инцидент кога пратениците излегоа надвор поради пауза. Насобрани демонстранти фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание кога видоа дека пратениците излегуваат.

Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето „Доста беше“ (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.

Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.

Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протест пред Парламентот и најави дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа