Бирото за криминални истраги на Минесота се повлекува од истрагата за смртта на 37-годишна жена, застрелана од агент на американската Имиграциска и царинска служба. Одлуката доаѓа по прекин на соработката од страна на Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда на САД, објавија од Бирото.

„Без целосен пристап до доказите, сведоците и собраните информации, не можеме ги исполниме истражните стандарди што ги бараат законите на Минесота и јавноста“, се наведува во официјалното соопштение.

Дополнителни информации за причините поради кои федералните институции ја прекинале соработката, како и за понатамошниот тек на истрагата, засега не се соопштуваат.

Exit mobile version