Немаат лекови, ни вакцини, но Јужена Кореја успеа да им помогне на заразените - две лица излечени со помош на една терапија

Двајца постари Јужнокорејци, заразени со коронавирус, закрепнале после тешко воспаление на белите дробови бидејќи биле лекувани со плазма од пациенти кои оздравеле од тој вирус.

Научниците утврдиле дека заболените од Ковид-19 може да се лекуваат со крвна плазма од пациентите кои ја совладале болеста, а која содржи потенцијално корисни антитела.

Терапијата со плазма може да биде „алтернативно лекување за пациентите во критична состојба кои не реагираат добро на антивирусните лекови“, рекол Чои Јун-јонг, лекар од една болница во ЊСеул, каде две лица се заболени и се на лекување.

Меѓутоа, потреебни се опсежни клинички тестирања за да се докаже ефикасноста.

Еден 71-годишен пациент е маж чија состојба се подобриле откако добил антитела од излечен пациент на возраст од 20 години, со стероиди.

Терапијата со плазма веќе покажа ефикасност, за време на експериментот на лекување од мали размери од други заразни болести како што се еболата и САРС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега