Нема селективна правда: Норвешката полиција ja казни премиерката која славела роденден со 13 лица

Норвешката полиција објави дека ја казнила премиерката, Ерна Солберг, поради кршење на правилата за физичко растојание поради Ковид-19, за време на семеен собир по повод нејзиниот роденден.

„Ројтерс“ пренесува дека началникот на полицијата, Оле Сајеваруд, на прес-конференцијата објавил дека казната за премиерката е изречена во износ од 2.352 долари.

Солберг се извини минатиот месец за организирањето на нејзината 60-та роденденска прослава со 13 членови на семејството во планинско одморалиште кон крајот на февруари, и покрај забраната на владата за собирање со повеќе од 10 лица.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега