Нема полициски час во Белград- Кризниот штаб донесе нови мерки

Кризниот штаб на Србија денеска донесе нови мерки за граѓаните на Белград.

Првата мерка е дека се забранува собирање на повеќе од 10 луѓе на отворено и затворено во главниот град на Србија.

„Имавме долг состанок на кризниот штаб на кој разговаравме за критичната ситуација во Белград и за евентуалните враќања на мерките кои беа на сила во март и април. Договорот е дека нема да имаме мерки за сите делови во Србија, туку да се фокусираме на делови каде имаме нестабилна ситуација“, вели премиерката Ана Брнабиќ.

Втората мерка е дека се ограничува движењето на луѓе во затворена просторија.

Секој објект ќе мора јасно да истакне колку луѓе ќе имаат дозвола да примат во објектите. Една личност ќе може да седи на четири квадратни метри.

Третата мерка се однесува на продавниците и трговските центри.

Тие ќе бидат затворени од 21 часот до 6 часот наутро, додека истите на отворените простори тие нема да работат од 23 часот до 6 наутро.

Во Белград инаку се хоспитализирани 1.500 луѓе само вчера, а во главниот град се опреми и претвори и познатата „Штарк“ арена во КОВИД болница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа