Нема планови „во блиска иднина“ за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, јавија британските медиуми повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа.

Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесуваат британските меидуми, а изјавата доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер.

Дописникот на Aксиос од Белата куќа на X, ги објави истите информации.

Според него, функционер на Белата куќа изјавил: „Во моментов нема планови за средба меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин. Рубио и Лавров имаа продуктивен телефонски разговор. Затоа, не е потребна дополнителна лична средба меѓу државниот секретар на САД и рускиот министер за надворешни работи“.

Exit mobile version