Нема никаква соработка на СДСМ со ДУИ и со Левица, вели опозицискиот лидер Филипче во изјава за медиумите.
„Настапуваме автентично сами заедно со коалиционите партнери во рамките на нашата коалиција. Ги слушам меѓусебните обвинувања. Еве, вчера имаше прашања за да коментирам однос на тие обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам, од такви празни фоскули, обвинувања, едноставно им е преку глава.“ – рече Филипче.
Според него, главните проблеми се во економијата а граѓаните се изморени од секојдневно слушање на истата реторика.
„Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за многу сериозни теми. Не може ние да повеќе слушаме како некој се обвинува дали бил лав или, или орел, или врапче, или, или маче.“ – рече Филипче
- Трамп: Иран ќе имаше нуклеарна бомба за две недели ако не удревме
- Дневен хороскоп: Овенот да не брза, големите цели се остварливи за Девицата
- Попладне полетуваат кон Скопје – Со владинот авион се евакуираат македонски граѓани од Израел
- ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено за подобар живот и повисоки плати за сите
- Земјотрес во меѓународната дипломатија: Руте ги поддржа ударите врз Иран – Трамп му се заблагодари
- Срушена родната куќа на Харис Џиновиќ
- СДСМ: Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР – Бараме оставка
- Иранскиот генерал Хејдари се закани – „Ќе ги натераме САД горко да зажалат“


