Нема место за Златан во шведската репрезентација

На шпекулациите за наводната желба за враќање во шведската репрезентација на Златан Ибрахимовиќ бргу им беше ставен крај кога селекторот Јане Андерсон јасно изјави дека таа работа е затворена.

39-годишниот Ибрахимовиќ е во фантастична форма по враќањето во Милан во јануари, а неодамна со објава во шведскиот дрес ги зголеми шпекулациите дека сака да се врати во националниот тим првпат по повлекувањето во 2016 година.

Ибрахимовиќ останува најдобар стрелец во историјата на Шведска со 62 гола на 116 настапи, но честопати влегуваше во конфликт со федерацијата и селекторите и сега Андерсон, кој одби да го повика и на СП во Русија во 2018, вели дека нема за што да се разговара.

„Има луѓе шт ми кажаа дека има некаков план зад таа фотографија што ја објави. Но, јас не сфаќам што значи и нема да трошам енергија на тоа. Поминаа четири и пол години откако тој рече дека завршил со националниот тим. Го почитувам, но одлуката тој сам си ја направи. Кога си дел од националниот тим, мораш да се враќаш дома во најдобра форма. Таа работа е завршена“, вели Андерсон за „Афтонбладет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега