Нема место за паника: Пожарникарите го локализираа пожарот во Бардовци

 

Голем пожар попладнево во Бардовци, а мирисот се чувствуваше дури до Центар поради силниот ветер.

Пожарот во село Бардовци е комплетно локализиран и нема никаква опасност за населението за нивните куќи и имоти, објави Противпожарната служба на Град Скопје на нивната Фејсбук страна.

- Пожарот во с.Бардовци Локализиран да нема паника меѓу граѓаните. Екипите се на терен до негово комплетно догасување. Фала на разбирањето, напишаа од таму.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега