Нема крај на протестите во Турција

Нема крај на протестите меѓу полицијата и демонстрантите кои што се случуваат во центарот на турската престолнина. Полицијата успеа да го потисне поголемиот дел од насобраната маса во споредните улици, но се уште има радикални групи кои што проддолжуваат со упадите да влезат во зградата на владаата. Притоа фрлаат со Молотови коктели и камења, криејќи се зад барикадите направаени од прирачни материјали. 

Полицијата користи солзавец и лут гас против демонстрантите кои што запалија неколку огнови на плоштадот. Тие имаат поддршка од стотици луѓе во различни делови на Анкара. Засега на плоштадот Таксим е мирно, но во Бешикташ демонстрантите се обидуваат да упаднат во централата на владеачката партија. 

Во Измир имаше судири со полицијата, а бројот на демонстранти во центарот на градот достигна околу 10.000 лица.

Протести и судири има во уште десетина големи градови во земјата.

Хакери од групата „Анонимни“ нападнаа неколку сајтови на турската влада, вклучувајќи ја и електронската страница на Министерството за внатрешни работи и официјалниот сајт на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Протести против турската влада има и во големите градови во Германија, посочува ДПА.

Турската полиција истрела солзавец за да растури неколку илјади демонстранти, кои се собраа пред канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, пренесоа француските медиуми.

Продолжуваат судирите меѓу полицијата и демонстрантите во овој кварт на Истанбул, на неколку километри од плоштадот Таксим, каде се уште се наоѓаат илјадници демонстранти. 

најчитано сега