„Нема да бидам крал, можам да правам што сакам“ - поранешен телохранител на принцезата Дајана открил што слушнал

Поранешниоттелохранител на принцезата Дајана, Кен Варф, се присетил како го слушал 4-годишниот принц Хари кој му велел на својот брат Влијам дека може да прави што сака затоа што никогаш нема да биде крал.

Тој раскажал што всушност се случило пред 30 години додека семејството патувало на викенд.

Имено, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се расправале и препирале за време на патот.

„Се сеќавам на моментот кога Хари како 4-годишно дете патуваше секој викенд. Тој и неговиот брат имаа кавга на задното седиште од автомобилот.

И на крајот Хари рече: „Еден ден ти ќе бидеш крал, а јас нема. Така што можам да правам што сакам“.

Според она што го кажал Варф, Дајана рекла: „Од кад ему е сега ова по ѓаволите?“

Реченицата на Хари наговестувале сложена врска меѓу браќата, која со текот на времето станала напната.

„Морате да запаметите дека тој е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. Сите ја гледавме свадбата во Виндзор и сите рековме дека тоа е иднината на монархијата. И сега одеднаш сето тоа се распаѓа“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега