Нелоски: Власта наместо во корист на граѓаните, работи во корист на криминогени структури

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во интервју Неделен брифинг на порталот Инфомакс, вели дека во Македонија, мафијата си има своја држава, посочувајќи дека изминатите години тие неколку пати алармирале за ова, за на крај да виде цела македонска јавност за што точно станува збор.

Мафијата има своја држава, за жал. Ние во повеќе наврати изминатите неколку години го искажуваме тоа и пред само десетина дена јавноста виде на што точно и конкретно сме мислеле. За жал Македонија како држава се најде во центарот на светските медиумски збиднувања не поради некој спортски, меѓународен или економски успех, туку по криминален успех, вели Нелоски.

Македонија за жал стана Панама од 80тите и 90тите години, држава која што на еден начин претставува уточиште и прибежиште на криминалци. Не зборам за ситни криминалци, тука говорам за криминалци кои се калибарот на Пабло Ескобар, од калибарот на картелите во Мексико. За жал, Македонија и овие од власта си ги прибраа и им поделија пасоши и на еден начин им овозможија слободно да го работат она кое што најдобро го знаат, а тоа се криминалните активности. И за жал, власта на пет организирани мафии им помогна да работи, и на еден начин ние сме црна дупка не само на Балканот, туку и во Европа, заклучи Нелоски.

Нелоски изјави дека за целиот скандал Мафија наместо да одговараат големите риби, одговарале ситните риби се со цел да се заташка целиот случај.

За целиот овој скандал која што цела македонска јавност го виде кој одговара? Ситните риби. А одговараат ситните риби за да не одговараат големите риби и на еден начин да се заташка целиот тој случај, смета Нелоски.

Нелоски истакна дека наместо власта да се става во корист на граѓаните, таа се става во корист на криминоген структури.

Наместо власта да биде во корист на граѓаните, таа се става во корист на одредени криминогени структури. Нормално тоа е сооднос помеѓу власта и овие структури, едните им обезбедуваат поддршка за време на кампања за избори, поткуп, закани итн, овие им дозволуваат да ја искористуваат државата, дециден е тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2021 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега