Нелоска: Полицискиот час целосно непотребен – нема да смени ништо

 

Опозицијата реагира дека нов полициски час нема да смени ништо во епидемиолошката слика во државата.

Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта цела година прави систематски пропусти и целосно ја промашила стратегијата за борба против Ковид-19.

-ВМРО-ДПМНЕ апелираше власта систематски да му пристапи на проблемот.Но, власта на СДСМ наместо на борбата против КОВИД 19 се посветија на личните приоритети и пиар-от. Очигледно не знаат да менаџираат и прогласуваат полициски час од 22 до 05 часот кој е целосно непотребен и нема да смени ништо. Во Македонија ситуацијата е многу лоша затоа што власта доцни со сите мерки. Србија има вакцинирано 30% од населението, а ние не сме ни почнале  со вакцинација. Вакцини имаат и земјите од Африка, но нашата власт уште чека вакцини, па и циркус прави од целата ситуација. Срамота, рече Нелоска во „Коментар на денот“.

Според неа, ситуацијата во која не втурнала власта е жалосна за целата држава. А, како што вели, наместо разум и одговорност СДСМ организира попис.

-СДСМ се коцка со целата држава и животот на цел македонски народ, рече Нелоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа