Педесет и седумгодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако подолг период следел, вознемирувал и со мобилен телефон снимал 18-годишна девојка од истиот град, соопштија од СВР Тетово.

Според информациите од полицијата, вчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version